Никако не ја мијте косата во вторник- еве зошто

 

Постојат многу невообичаени верувања и обичаи меѓу кои и овој помали бизарен обичај дека во вторник не треба да ја мијте косата.  

Ако јадете трошки од леб од масата, нема да имате многу пари.

Не смеете да го превртувате лебот наопачки да не и се случи нешто лошо на домаќинката.

Крајчето од лебот не би требало да го јаде девојката која има желба да биде сакана од свекрвата.

Додека се јаде, не се пее за да немате луд маж или жена.

По оброкот не се зева, за да ѓаволот не ви го земе тоа што сте го јаделе.

Тоа што останало во садот по матењето на тортата, не смее да го јаде немажена жена, за да не и паѓа дожд на свадбата.

Не се работи на црвена буква на календарот.

Ако искршите огледало, ве чекаат седум години несреќа.

Не отворајте чадор во затворен простор за да не навлечете баксуз на себе.

Ѓубрето не се фрла по темница, за да не се карате дома.

Не му се подарува запалка на маж или пријател за да не се скарате

Истото важи и за вазна и за нож.

Сите знаат што треба да направат ако сретнат оџачар, црна мачка или поп?

Ако имате убаво бебе, плукнете го три пати за да не го урочи некој.

На само што роденото бебе треба да му се стават парички покрај главата за да си купи братче или сестричка.

Ако парите се во кованици, бебето ќе биде јако како железо.

Црвен конец околу рачето на бебето штити од уроци.

Кога го носите бебето надвор, се треба да и биде наопачки за да не го однесат лошите самовили.

Косата не смее да се мие во вторник.

Исто така косата не се мие кога е црвена буква во календарот.

За да не ги соберете на себеси магиите кој некој одамна ги фрлил, не треба да минувате преку раскрсница. Тоа е местото каде се сретнуваат овој и оној свет.

Ако некој тргнал на испит, или да заврши важна работа, по него се посипува вода, за да има успех.

А ако веќе сте излегле од дома, не е убаво да се враќате назад ако сте заборавиле нешто.

Извор: Вистина.мк

 

23.06.2014 - 12:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега