Се судрија бугарски и грчки автомобил- едно лице загина а петмина се повредени

Страотна сообраќајна несреќа се случила на патот Патра за Пирго, во несреќата загина 41- годишен Грк, а петмина Бугари завршија во болница меѓу повредените имало и шестгодишно девојче.

Гркот жител на Патра, според првичните информации, се движел со своето возило по патот од Патра за Пирго и од за сега неразјаснети причина направил директен судир  бугарскиот автомобил кој патувал од Пирго за Патра и бил управуван од 28 годишен Бугарин. 

Од петмината Бугари најсериозно повредена е 48 годишна жена, но и останаттите повредени се задржани во болница.

23.06.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа