Крваво утро во Гостивар: Откриен идентитетот на застреланиот маж

Шеесет и двегодишен гостиварчанец утрово бил застрелан во неговиот автомобил на кејот на реката Вардар.

Според првичните информации, станува збор за Ф.С. од Гостивар кон кого најверојатно е пукано од автоматско оружје околу 6 часот откако претходно со голем контејнер му било попречено движењето. Откако застанал, непознатиот испукал повеќе куршуми низ стаклото на автомобилот. Истрелите ги вознемириле жителите на околните куќи и згради кои набрзо се јавиле во полиција и јавиле за настанот, јави МИА.

Полицијата врши увид.

23.06.2014 - 09:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега