Му го попречиле патот па пукале во него - гостиварчанец починал на лице место

Маж на возраст на околу 60 години е убиен утринава во Гостивар на улицата „ЈНА“ во близина на новоизградениот станбен комплекс. Убиството го пријавиле граѓани кои слушнале поединечни и рафални истрели, а по пријавата, полицијата веднаш се упатила на местото на настанот, каде имало автомобил „Застава 101“ во кој бил убиениот маж.

Сторителите најпрво му го попречиле патот на гостиварецот со контејнери, по што од автоматско оружје било пукано кон предното стакло на автомобилот, а потоа и во неговото тело. Според податоците на Курир, мажот починал на лице место.

 

23.06.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа