Малолетничка во врска со професор- мајката ги фатила среде секс
Професор во средно училиште се криел под креветот на нејзината 16-годишната ќерка. Таа неочекувано се вратила дома и останала шокирана.
36-годишениот професор по математика Ендру Велш од Виган кој пред судот признал дека во шест наврати имал сексуални односи со малолетничка му била изречена условна казна од 14 месеци затвор. Покрај казната затвор професорот тоа ќе мора да одработи и 200 часа добротворна работа, а запишан е и во регистерот на сексуални престапници на период од 10 години.
За време на една посета на својата ученичка во нејзиниот дом двајцата ги изненадила нејзината мајка која неодамна се вратила дома и ја начекала ќерката со разбушавена коса и размачкан кармин. Тогаш приметила дека нешто се поместува под креветот.
-"Што правиш, кој е овде?" - прашала мајката.
Ќерката одговорила "Господин Велш". Мајка и' му наредила да излезе од под кревет, по што го препознала професорот од училиштето.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа