Крвав викенд: 14 сообраќајки на скопските улици

Во текот на изминатиот викенд од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. 

Во петокот се случиле четири сообраќајни незгоди, од кои една е со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.

Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда. Истата се случила во 15 часот и 30 минути на бул. „Јане Сандански“ во близина на ТЦ „Бисер“ во која учествувале патничко моторно возило „тојота“ со скопски регистарски таблички, управувано од граѓанин на Скопје и мотоцикл со скопски регистарски таблички, управуван од граѓанин на Скопје. Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот.

Во саботата извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, четири се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден сопатник, додека во неделата извршен е увид на вкупно пет сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и две со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден пешак.

 

23.06.2014 - 09:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега