Ужасно: Осквернавен гробот на сопругот на пејачката Гога Секулиќ

Дека им нема крај на проблемите на српската пејачка Гога Секулиќ говори и овој настан кој ја згрози Србија. Според податоците на српскиот Ало, кога последен пат Гога отишла на гробот на својот сакан, видела дека некој гопрешкртал нејзиното име кое било изгравирано на него. 

- Некој го ишарал со спреј името на Гога и нејзината посвета. Откако Гога го виде тоа, веднаш го повика обезбедувањето. Се задолжи на сите страни да го испрати достојно својот сопруг, а потоа се појави некој кој се тоа за еден момент го уништи, вели извор.

Тој додава и дека пејачката е целосно разочарана по овој немил настан.

22.06.2014 - 15:36
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега