Исчезната малолетничка пронајдена како танчерка во локал во Тетово

Единаесет македонски и странски државјанки од кои една малолетна девојка од Скопје биле затекнати и приведени од полицијата при акциска контрола во угостителските објекти „Ловец“ и „Ориентал АС“ во тетовското село Жеровјане. Малолетничката од Скопје која била пријавена како исчезнато лице денеска претпладне им била предадена на нејзините родители.

Петте странски државјанки биле откриени при контролата на угостителскиот објект „Ориентал АС“, сопственост на Х.А. (25) од Боговиње. Од нив три биле од Бугарија, а две од Србија, сите на возраст од 21 до 26 години, а биле ангажирани како танчарки.

Оваа акциска контрола е планирана активност на СВР Тетово за откривање на странски државјани кои непријавено престојуваат и работат на подрачјето и за евентуална нивна вклученост во трговија со луѓе или во други криминални дела.

22.06.2014 - 14:37
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега