Бесплатно советувалиште за откажување од цигари во јавното здравство
Од утре низ сите Центри за јавно здравје ќе започнaт да функционираат Советувалиштa за откажување од пушење, кои од 20 август годинава ќе бидат достапни за сите граѓани кои сакаат да се откажат од цигарите.
Во овој проект, како што нагласи министерот за здравство Никола Тодоров, се опфатени здравствени работници кои се пушачи и истите од утре па до 20 август ќе поминат советувалиште за одвикнување од пушење.
Целта на Советувалиштата е да се истакнат многубројните здравствени придобивки од откажуавњето од цигарите.
Заинтересираните граѓани ќе можат да одат на советувалиште два пати неделно по два часа, а ќе има и групна едукација од по 10 тина пацинети, за сите оние кои ќе ги посетуваат советувалиштата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа