Одделот за здрави деца во Поликлиниката Букурешт доби нов лик

Поликлиниката Букурешт во Скопје денеска доби целосно реконструиран Оддел за здрави деца. Одделот има нов лик, приспособен на очекувањата на децата и родителите, а е зголеменa и функционалноста на просторот за превентивна имунизација на децата.

- На децата им создаваме простор со пријатни и приспособени услови за соодветен третман при вакцинацијата. Преку овој проект и со несебичната поддршка на нашите партнери ЕВН и Националната фондација за трансплатација се доближивме до нашата заедничка цел за здрави деца здрава иднина. Се надеваме дека овој заеднички проект ќе послужи за пример и поттик за нови партнерства меѓу јавниот, приватниот и невладиниот сектор, изјави директорката на Здравствениот дом Скопје Татјана Баевска Вучковиќ.

Фондацијата и ЕВН издвоија 400.000 денари за овој проект.

Ленче Карпузовска, менаџер за комуникации во ЕВН, најави натамошна поддршка во секторот здравство.

- Овој оддел сега е многу попријатно место за нега на најмладите и ние сме горди што можеме да учествуваме во неговата реконструкција, рече Карпузовска.

- Сметаме дека ова е само почеток и останатите диспанзери ќе добијат ново руво за сите деца во Скопје да имаат вакви услови при имунизација, изјави Чадиковски.

ФОТО: Сител 

 

најчитано сега