ВИДЕО: „Фуријата“ тоне ли тоне! - дел Боске го избрка Фабрегас од тренинг

 

По елиминацијата од Мундијалот откако ги претрпе двата порази против Холандија и Чиле, во светскиот шампион Шпанија, владее нервоза и хистерија.

Ова се покажа на последниот тренинг во кој селекторот Висенте дел Боске беше незадоволен од односот на Фабрегас кој според информациите никако не ги исполнуваше неговите замисли.

На крајот Дел Боске побара од фудбалерот да го соблече „маркерот“ и да му го даде на Алонсо, а Фабрегас налутен го напушти тренинг центарот.

Колку за потсетување Шпанија загуби од Холандија со 5:1, потоа од Чиле со 2:0, па мечот против Австралија ќе биде само ревијален за „Црвената фурија“.

22.06.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега