Мркиќ: Србија ќе добие датум за преговори во јуни
Српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ изјавил дека е убеден дека неговата земја ќе добие датум за преговори за влез во ЕУ.
- „Долги години сум во дипломатијата, но досега никогаш не сум бил на средба на која сум слушнал толку пофалби за нашата земја“, изјавил Мркиќ по учеството на средбата на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.