Нова одлука на Владата: Започнува процедурата за набавка на поливалентни вакцини

 

Повеќе точки од областа на здравството, а ветени во владината програма, вчера беа донесени на првата седница на новоизбраната Влада. Премиерот Никола Груевски денес истакна дека една од нив е и одлуката со која се започнува процедурата за набавка на поливалентните вакцини.

-Тие се дел од нашите изборни ветувања и веднаш на првата владина седница вчера веќе ги донесовме потребните одлуки. Вакцините ќе помогнат затоа што ќе се намали бројот на боцкање на деца до 2 годишна возраст од 13 на седум. Ќе се намали бројот на сите компликации што понекогаш се јавуваат при вакцинирањето, ќе се намали бројот на одење на лекар, односно земање на времето на лекарите кое може за друго нешто да го искористат. Ќе биде од голема корист за сите, истакна Груевски.

 

21.06.2014 - 15:38
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега