До среда нема спас од дождот - потоа вистински пекол
Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 24 до 31 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 11, а дневната ќе се искачи до 28 степени.
И во следните денови ќе преовладува претежно сончево и топло време. Во вторник попладне и во четврток ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Значително топло ќе биде кон средината на следната работна седмица, особено во среда кога температурата се очекува да се движи од 28 до 35 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа