Груевски ќе направи увид во градежните работи на ПЕТ-Центарот
Премиерот Никола Груевски денеска ќе направи увид во градежните работи за изградба на Центарот за позитронска емисиона томографија - ПЕТ-Центар, во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ - Скопје, кој започна да се гради на 7 ноември 2013 година.
Објектот е проектиран како современ здравствен објект во кој ќе биде вградена најсовремена опрема за радиофармација, радиопротекција и дијагностика.
ПЕТ-Центарот е инвестиција вредна околу 380 милиони денари, а го гради австриската компнаија „Штрабаг АГ“. Се очекува ПЕТ-центарот да почне да работи во 2015 година.
21.06.2014 - 12:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа