Град со големина на орев, ветрот скоро ги откорна покривите од куќите - силно невреме во дојранско

 

Невремето со град и силен ветер што вчера попладне го зафати дојранскиот регион предизвика големи штети, а најмногу е погодено селото Николич.

- Вакво невреме не се памети во селото. Полето е страшно. Се е уништено. Морав со лопата да го чистам градот за да може водата да истече, изјави Симо Јанкулов, жител на Николич.

Градот со големина на орев и силниот ветер скоро ги откорнаа покривите на три куќи во селото.

Од општинската комисија за проценка на штетите од невремето соопштија дека деновиве ќе се излезе на терен за да се утврди фактичката состојба според која ќе биде изготвен елаборат за штетите. 

21.06.2014 - 11:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега