Си оди Кралев, Спиро Ристовски нов министер за образование - реконструкција на владиниот Кабинет

Во владиниот кабинет се подготвува мини реконструкција. Актуелниот министер за образование Панче Кралев заминува од оваа позиција, а на негово место доаѓа досегашниот министер за Труд и социјална политика Спиро Ристовски. 

Диме Спасов ќе го замени министерот Ристовски. Спасов е екс директор на агенцијата за млади и спорт, а на министерскката позиција доаѓа од позицијата директор на Скопскиот катастер.

Предлогот за мини реконструкцијата на владиниот Кабинет е ввеќе доставен до македонското Собрание и се очеква да се најде на дневен ред во текот на неделата.

Овие информации за Пресс24 ги потврдуваат од ладејачката ВМРО-ДПМНЕ.

 

најчитано сега