Вулин: Во Србија околу 43.000 луѓе се со статус на бегалци

Српскиот министер за труд, вработување, за ветерани и за социјална политика Александар Вулин денеска изјави дека проблемот со бегалците во Србија се уште не е решен и оти во земјата има околу 43.000 луѓе со статус на бегалци.

- Проблемот постои и српската држава вложува големи напори да се реши. По цела деценија од крајот на конфликтите во поранешна Југославија се уште не се решени многубројни проблеми на бегалците, истакна Вулин по повод Меѓународниот ден на бегалците.

Тој истакна и дека на голем број бегалци не им е решено станбеното прашање, а исто така имаат проблем и со пензиите на бегалците од Хрватска. 

20.06.2014 - 20:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега