Лазарат под целосна контрола на полицијата

 По петдневна пресметка со криминалните банди албанската полиција вопсостави контрола врз селото Лазарат, познато како фабрика за марихуана.

Во селото повеќе не се слушаат пукотници, но и понатаму продолжуваат претресите на куќите и други објекти во кои полицијата наоѓа скриена дрога.

Полициската статитика, потврдува дека уништени се над 23 тони марихуана и хашиш, околу 80 илјади стебла на ова растение, запленета е поголема количина на оружје, минофрлачи, снајпери, лесни и тешки митралези, антитенковски гранати, откриени четири лаборатории за преработка на дрога, уаспени петнаесетина опасни криминалци.

Дел од нарко босовите сепак успеле да и избегаат на полицијата.

Вредноста на уништената дрога се движи од 37 до 40 милиони евра. Во акцијата на полицијата во селото, кое цели две децении беше нарекувано фабриката за марихуана, република на дрогата, мека на дрогата, беа вклучени илјада полицајци, пет оклопни и 60 други полициски возила, два хеликоптера а во последните два дена од акцијата и италијански карабињери со оклопни возила.

Денеска селото го посети и првиот полицаец Саимир Тахири, кој ги пофали полицјаците за усшено завршената работа, која и покрај тензичната ситуација сепак заврши без жртви

20.06.2014 - 19:10
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега