Лицата со пречки во развојот учеа како да најдат работа

Минатата недела се одржа шестата обука на тема „Стратегии за барање работа за лица со попреченост“ во рамките на проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лицата со попреченост.

Обуката беше организирана во соработка со организацијата „Полио Плус“ и Општина Аеродром. Таа се одржа во основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“  во училница опремена со асистивни уреди, донирани од организацијата „Отворете ги прозорците“.

За време на обуката учесниците се стекнаа со практични вештини за подготовка на успешна куса биографија и мотивациско писмо, а беа запознати и со процесот на интервју за работа. 

најчитано сега