Вучиќ се уплаши од заканите за смрт - во Србија сменети од функција сите шефови на управи во полицијата

Сите шефови на управи во полицијата ќе бидат сменети, изјави денеска премиерот на Србија Александар Вучиќ по седница на Бирото за координација на службата за безбедност на која се разговараше за проблемите во полицијата, јави Танјуг.

– Донесовме одлука...во согласност со иницијативите на министерот за внатрешни работи, а согласност даде и директорот на полицијата. Сите шефови на управи во полицијата ќе бидат сменети, а на нивно место ќе бидат назначени привремено нивните заменици, изјави Вучиќ.

Тоа, како што нагласи е единствен начин и сменетите лица ќе продолжат со работа во полицијата. Тоа според него, е резултат на објективната ситуација во која „полициските служби почнаа да се занимаваат сами со себе, со политика и се под големо влијание врз медиумите“.

20.06.2014 - 19:03
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа