Скандал: Хрватските матуранти ги дознаа прашањата за матура

 

Во Хрватска полагањето на матурата е одложено бидејќи прашањата биле откриени по грешка, пренесе Телеграф.

Сега тестирањето е поместено бидејќи во три училишта наместо на децата да им бидат доделени листови да пишуваат есеј, тие ги добиле прашањата за матурата.

Со оглед на тоа дека децата сега ги знаат прашањата, полагањето кое требаше да се случи во петок се одложува за 11 јуни. 

Грешката се случила во три гимназии во Хрватска каде координаторот наместо да ги поделе листовите за тоа како треба да се напише првиот дел од матурата по мајчин јазик односно есејот, тој ги поделил листовите со вториот дел каде ги имало прашањата за испитот.

На социјалната мрежа Фејсбук веќе се појавија некои од прашањата и одговорите.

најчитано сега