Попоски на состанок во Букурешт - еве за што се разговарало
Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Букурешт учествуваше на формалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ПСЈИЕ.
Министерот Попоски се осврнал на значењето на опстојување на политиката на проширување на ЕУ во наредниот период. Било посочено и на неопходноста од развојна помош на регионот, со стратешка ориентација кон макрорегионите со цел нивно приближување, економски и политички, и со јасно дефинирани цели и долгорочна и сеопфатна визија за обединет континент, стои во соопштението на МНР.
На состанокот министрите размениле мислења за актуелните состојби во регионот и за перспективите за негово целосно евроинтегрирање, за улогата на ПСЈИЕ како автентичен глас на регионот, за можностите за натамошното унапредување на економската со акцент на интерсекторската соработка меѓу државите, како и други прашања од значење за европската и евроатлантската иднина на регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа