ФОТО: Ангелите на „Викторија Сикрет" донираа за кученцето Чико од Македонија

 

Здружение за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“ вели дека се пријатно изненадени од донацијата на најсексапилните жени на светот, ангелите на Викторија Сикрет, зa кутрето Чико од Штип.

Она што вчера пријатно не изненади е иницијативата на моделите од Викторија Сикрет да помогнат во собирањето средства зa кутрето Чико од Штип за кого се грижиме; куче со скршена кичма и траен инвалид за кого се собираат средства за да му се купи количка со која сепак ќе може среќно да живее.
На официјалната фејсбук страница на Викторија Сикрет (Victoria Secret Angels ) која изобилува исклучиво со фотографии на најубавите светски модели и манекенки, од вчера воочлива е фотографијата на Чико со објава „Ние дониравме - а вие? " и информации за можностите како да се донира. И токму прва донација за Чико е донацијата од овие манекенки кои не информираа дека и понатаму ќе се организираат да помогнат, велат од АНИМА МУНДИ.

Кој е Чико? Чико е младо кутре осакатено од човек и оставено на улица да умре во тешки маки. По дојави од луѓе најден е во искучително тешка ситуација, префрлен во Скопје, во ординацијата на д-р Марин каде го превземавме и каде за него секојдневно се грижат Силвана, Мирјана и Мими, Мишела, Тамара, Ана, Весна,Бранкица кои се неуморни борци за права на животните и старатели за уште многу животни како него.

Затоа секој кој може, нека помогне.

20.06.2014 - 15:00
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега