Српскиот премиер ќе умре за 48 часа ако не ги реши проблемите во МУП

Безбедносните служби го предупредија вчера претседателот на српската Влада Александар Вичиќ дека му се заканува најсериозна опасност, поради хаосот во српската полиција и врската на највисоките функционери на МУП со мафијата!

Според сознанијата на информаторите, на премиерот на Србија му е ставено јасно на знаење дека има не повеќе од 48 часа да ги среди состојбите во МУП или ќе помине како Зоран Џинџиќ во 2003 година. 

„Моќници во полицијата и опасни криминалци се плашат од апсење и подготвени се буквално на се! На почетокот се обиделе да го уценат со монтирани обвиненија против неговиот син Данило, а потоа се обиделе и да го заташкаат случајот „Попај“, а сега преку медиумските напади на премиерот на Црна Гора испраќаат пораки до премиерот на Србија“, вели изворот од Владата на оваа листа. 

Да потсетиме, премиерот на Црна Гора Мило Џукановиќ го предупреди Александар Вучиќ дека „насловите на некои од белградските медиуми, потсетуваат на оние од 2003 година“.

„Верувам дека мојот колега и пријател во Белград Александар Вучиќ правилно ќе ги дешифрира овие наслови кои потсетуваат од 2003 година“, изјавил премиерот на Црна Гора. 

Вучиќ му се заблагодари на неговиот колега и изјави:

„Се лажат сите оние кои мислат дека низ различни безбедносни структури и проблеми ќе успеат да ја срушат Србија и да ги победат државните органи.

 

20.06.2014 - 14:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега