Гласањето доверба на новата македонска влада топ тема во грчките медиуми
Во „Катимерини“ и „То Вима“ и другите грчки медиуми денеска е топ тема гласањето доверба на новата македонска влада.
Како што јавува дописникот на МИА, весниците пишуваат дека изгласаната доверба за Владата на Никола Груевски била очекувана, и информираат дека за новиот кабинет гласале 77 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, додека шест пратеници од опозициската Демократската партија на Албанците на Мендух Тачи гласале против. Се потсетува дека членовите на опозициската коалиција, предводена од Социјалдемократскиот сојуз сојуз (СДСМ) на Зоран Заев, не учествуваа во дебатата и гласањето во Парламентот, и оти не ги признаваат резултатите од парламентарните избори одржани на 27 април.
- „Дебатата и гласањето во Парламентот за доверба на новата влада на Никола Груевски траеjа само неколку часа“, пишува „Катимерини“.
Грчките медиуми информираат дека новата влада на Македонија има 22 министри од кои седум се без ресор и три потпретседатели. Тие нагласуваат дека во новата влада нема значајни промени во споредба со претходната, додавајќи дека Никола Попоски останува министер за надворешни работи, а на истата функција - министер за финансии е и Зоран Ставрески.
Грците уште издвојуваат и дека нов министрер за одбрана е досегашниот македонски амбасадор во САД и претставник на земјата во преговорите за прашањето на името, Зоран Јолевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа