Завршна вежба во рамки на Летниот кампус 2014
На армискиот полигон „Криволак“ денеска, во рамки на „Денот за високи гости“, ќе биде изведена завршната вежба од меѓународниот проект „Летен кампус 2014“.
Гостите ќе имаат можност да се запознаат со активностите кои беа дел од едукативниот процес на летниот кампус - разговори со клучни лидери, патролирање со оклопни возила, реакција на биолошко-хемиско-нуклеарна закана, процедури поврзани со импровизираните експлозивни направи, како и медиа-тренинг, основно ниво.
Петтиот „Летен кампус 2014“ се одржуваше од 10-ти овој месец до денеска во Центарот за обука „Пепелиште“ и армискиот полигон „Криволак“. Вклучува 170 учесници - питомци од Босна и Херцеговина, Бугарија, Обединетото Кралство, Република Косово, Соединетите Американски држави, Турција, Црна Гора и Република Македонија како домаќин, и студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, „Европскиот универзитет“, „Факултетот за безбедност“ од Скопје, „Меѓународниот славјански универзитет“ и „Бизнис академијата Смилевски“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа