Трагедија во Охрид: Загина 19-годишно момче

Уште една трагедија ја потресе Македонија. Момче на возраст од 19 години го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу 1 часот и 30 минути во близина на охридското село Подмоље.

Според информациите на Охридњуз, до несеќата дошло кога возилото марка „Шкода“, со кое управувало момчето, движејќи се во правец кон Охрид, од засега непознати причини изгубило контрола и удрило во бетонски столб од надвозникот, по што се запалило.

Повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

20.06.2014 - 09:40
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега