ВИДЕО: Заев фатен во лага - нов гаф или манипулација?

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев или направи нов гаф или пак се обиде да ја излеаже јавноста одговарајќи на прашање, каде бил и зошто ја поминувал грчката граница пеш. Во обид да се оправда, Заев пред новинарите, рече дека неговата општина е збратимена со 3 општини во Грција, меѓу кои и општината Панорама во Солун.
Интересно е што во моментов, градот Солун нема општина која што се вика Панорама. Точно е дека таква општина постоела, но со новата територијална организација, од 2011 таа општина е укината и не постои, одосно присоединета е кон општината Пилаиа Кортиатис (Pylaia-Chortiatis)

За потсетување, Дневник денеска објави текст за сомнителни патувања на лидерот на СДСМ, кои коинцидираат со датуми кои се важни за Македонија, пред се поврзани со посетите на Нимиц и разговорите за спорот за името.

Зошто Заев денеска се обиде да ја манипулира јавноста, не се знае.

 

19.06.2014 - 21:21
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа