Новинар, криминалци, судии - еве кој е уапсен во големата полициска акција во Скопје и Велес

Рано утринава во голема полициска акција се уапсени девет лица во врска со откривање идентитет на заштитен сведок во случајот на убиство во велешкото село Ореше. Меѓу уапсените се најдоа јавен обвинител во основното обвинителство во Велес, еден актуелен судија и двајца поранешни судии од кои едниот во моментов работи како адвокат, и уште неколкумина адвокати.

Во акцијата на МВР биле уапсени и судија на Врховниот суд на Македонија, новинарот Томислав Кежароски од Нова Македонија и член на скопското подземје во Лиси че против кого досега се воделе повеќе судски постапки, ообјавува порталот Дума.мк. Според информациите на порталот, станува збор за налог за апсење што го издала обвинителката Лиле Стефанова од Обвинителството за организиран криминал во Скопје. Во текот на последниот месец обвинителката од Организиран криминал неколку пати била во велешкиот суд, ги разгледувале предметит , зела доставници од истите и друг доказен материјал.

Приведенит лица се во Основен суд Скопје 1 и чекаат да бидат распрашани од истражен судија.

најчитано сега