Македонија доби нова Влада - за неа гласаа 77 пратеници
Со 77 галаса „за“ и 6 „против“, Собранието и ја изгласа довребата на новата Влада на премиерот Никола Груевски. Во следните 4 години на Илинденска ќе седнат оние имиња кои веќе беа објавени во јавноста.
По помалку од 5 часа, Владата го помина последниот филтер. На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската СДСМ, а од редовите на опозицијата присутни беа само пратнеичката на ЛДП, Роза Топузовска Каревска и пратениците на ДПА, како и пратеникот на ГРОМ.
Роза Топузовска Каревска не дојде на гласањето, а пратениците на ДПА, гласаа против.
Новата влада покрај премиерот Никола Груевски ќе има уште 25 министри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа