Груевски најавува вистински бум во македонското здравство
Капиталниот проект за изградба на нов објект на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, набавка на нова медицинска опрема, обука на лекари во врвните светски центри, како и привлекување нови инвестиции и пониски цени на лековите, се дел од целите во областа на здравството наведени во Предлог-програмата на новата влада.
Ова го истакна мандаторот Никола Груевски во своето излагање пред македонското Собрание.
- Во здравството следува капиталниот проект за изградба на нов објект на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, како и Клиничка болница во Штип, нова болница во Кичево и голем број реновирања и реконструкции на болници, меѓу кои и во Тетово и Струмица, проектот за обука на лекарите во најсовремени светски центри и повеќе други. Ќе се продолжи со обезбедување нова медицинска опрема, но и мерки за максимална искористеност, како и одржување на постојната. Ќе се продолжи и со намалувањето на цената на лековите. Ќе се направи обид преку формирање здравствени слободни зони да се привлечат нови инвестиции во здравството, рече мандатарот Груевски пред Парламентот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа