Груевски: Верувам дека пратениците од СДСМ наскоро ќе се вратат во Собрание

 

Мандатарот на новата Влада Никола Груевски во своето излагање пред македонското Собрание, изрази уверување дека пратениците од опозициската СДСМ и коалицијата кои не ги имаат прифатено пратеничките мандати наскоро ќе се вратат во Парламентот и ќе ја извршуваат функцијата за која ја добиле довербата од граѓаните.

Тој им го честита изборот на сите пратеници и им порача дека од нив, како коректив на Владата, во голема мерка зависи успехот на Македонија и оти со искрен пристап кон работата, заеднички ќе  може да се оправда довербата што ja добиле од граѓаните. 

- Честитката подеднакво е упатена и до вас присутните пратеници и до оние кои заради политиките и  интересите на партиското раководство одлучија денесka да не следат преку медиумите, и за кои верувам набрзо ќе се вратат во оваа сала, за која толку многу ги молеа граѓаните да им ја дадат таа шанса, и тоа само пред околу два месецa, рече Груевски во експозето. 

19.06.2014 - 15:27
Фото: 
МИА
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега