Седумстотини пеперутки ќе “слетаат“ на плоштадот во Автокоманда

 

Денеска, дечињата од градинката „Детска радост“ од општина Гази Баба ќе го одбележат „Светскиот ден на пеперутката“ украсувајќи го плоштадот во населбата Автокоманда со 700 изработени пеперутки.

Децата од „Детска радост“ овој месец им го посветија на пеперутките од Матка и по тој повод го реализираа проектот за заштита на пеперутките „Лет, лет од цвет на цвет“.

Симболично еколошката активност ја започнаа на 17 април со пролетната приредба  на децата во градинката „Мимоза“ насловена како „Боите на виножитото“ кога заедно со вработените ги изработија првите 150 пеперутки од кои го направија виножитото со кое ја украсија сценографијата.

најчитано сега