Груевски и Заев на суд на 3. јули

Одложено подготвителното рочиште за судскиот процес кој го покрена премиерот Никола Груевски против опозицискиот лидер Зоран Заев, поради клевета.

Роочиштето е закажано за 3. јули, откако адвокатите на одбраната доставија нови докази кои го вклучуваат и вештачењето на гласовите од снимката. Судот одлучи да го прекине подготвителното рочиште за да може да се запознае со доказите.

На ова реагираше адвокатот на Груевски, Никола Додевски кој од судот побара подготвителното рочиште да не се одложи и да продолжи денеска. Судскиот совет на следното рочиште треба да се произнесе и по барањето на адвокатите на Заев, околу прекин на паричната постапка бидејќи за истиот случај се води и кривична постапка.

Премиерот од Заев бара отштета од половина милион евра за претрпена душевна болка, предизвикана од јавните обвинувања кои ги изнесе опозицијата дека посредувал и побарал 1,5 милиони евра при продажбата на „Македонска банка“.

 

19.06.2014 - 13:51
Фото: 
vmro-dpmne.org.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа