ВНИМАВАЈТЕ: Демнат диви таксисти низ Струга
Општина Струга апелира до граѓаните, но и до туристите кои престојуваат во градот, да внимаваат со какви такси-возила се превезуваат зашто голем дел од нив во шпицот на туристичката сезона работат незаконски.
- Во сообраќајот има возила кои работат на „црно“ односно не го почитуваат законот. Тие можат да бидат технички неисправни и да ја загрозат безбедноста на патниците. Возачите кои без дозвола вршат такси-превоз можат да бидат насилни, да го управуваат возилото под дејство на алкохол, или пак да бидат психички и физички неспособни за управување со моторно возило, предупредува Општина Струга.
Стружани и туристите, како што информира општината, можат да ги користат такси-услугите на оние возила кои на себе го содржат општинското лого и се облепени со ленти со црно-жолти коцки, а сите неправилности да ги пријават во Општинскиот инспекторат за патен сообраќај или во струшката полиција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа