Полицајците претерале: Пукале со автоматска пушка кон три непослушни момчиња
36 годишниот Б.Ѓ., 31 годишниот 31 годишниот А.П. и 33 годишниот Е.М., вработени во СВР Тетово, си заработија кривична пријава за „малтретирање во вршење на служба“, додека Б.Ѓ. е пријавен и за „предизвикување општа опасност“.
Според информациите од МВР, Б.Ѓ., А.П. и Е.М. на 25-ти април годинава околу 01:30 часот во гостиварско Чегране се обиделе да запрат компе „Мерцедес“ без регистарски таблички. Комбето не застанало, па Б.Ѓ. од автоматска пушка пукал во воздух. Комбето продолжило да бега, а Б.Ѓ. продолжил да пука. Еден од проектилите завршил во комбето и поминал меѓу возачот и совозачот.
Комбето застанало и од него излегле А.Ш.(26), С.Б.(19) и Ш.Ш.(25) од гостиварското село Беловиште, па полицајците употребиле физичка сила за да ги лишат од слобода. Момчињата биле задржани во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа