Пајак ги дигна адвокатите на Заев

Пајак службата попладнево била активна пред Скопскиот суд, каде во моментов се одржува првото ропчиште од процесот кој премиерот Груевски го покрена против опозицискиот лидер, Зоран Заев за кклевета. 

Според неофицијални информации до кои дојде Пресс24, меѓу автомобилите кои веќе се наоѓаат во депото на Пајакот, се и оние на адвокатите на опозицискиот лидер Заев. Тие биле паркирани, на булеварот пред судот, иако во непосредна близина има катна гаража каде паркингот чини само 25 денари за 1 час.

Од полицијата не може да се добијат информации, во чија сопственост се автомобилите кои поради сообраќаен прекршок ги подигна Пајак службата.

19.06.2014 - 12:49
Фото: 
Телеграф
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа