Димитров на министерски состанок во Брисел

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Дарко Димитров, денеска и утре ќе учествува на Третиот Министерски состанок на Западно Балканската платформа за образование и обука во Брисел, организиран од Европската Конисија

Учество на Министерскиот состанок на Западно Балканската платформа за образование и обука ќе имаат Европската Комисија и Генералниот Директорат за образование и култура, Директоратот за проширување како и високи преставници од Министерствата за образование Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Третиот по ред министерски состанок се фокусира на повеќе аспекти од полето на образованието и обуката, со акцент ставен на образованието и обуката на наставниците кое како приоритет беше дефинирано на претходните Министерски состаноци.

Во текот на Министеркиот состанок, Димитров ќе има свое излагање на министерскиот панел во кое ќе го потенцира напредокот во сферата на образованието и обуката на наставниците во Република Македонија како и идните чекори кои ќе се преземаат со цел зголемување на квалитетот во ова поле. Воедно ќе даде и осврт Програмата Еразмус плус и текот на нејзината имплементација во Република Македонија, која неодамна стана полноправна членка на оваа исклучително важна програма на Европската Комисија.

Во рамките на Министерскиот состанок,Димитров ќе оствари и билатерални средби со директорот на Генералниот Директорат за образование и култура, Јан Трушчиски, како и заменик директорот на овој Директорат, Хавиер Пратс Моне.

 

 

 

 

19.06.2014 - 10:53
Фото: 
www.na.org.mk
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега