ВИДЕО: Камерунците се испотепаа меѓу себе
Вчерашниот меч меѓу Камерун и Хрватска покрај високата победа на „коцкастите“ ќе остане запаметен и по тепачката која што се случи при крајот на натпреварот меѓу Асу Екото и Муканџа.
Асу Екото, со глава „му влезе“ на Муканџа.
„Неприфатливо, морам да видам што се случило, но тоа е срамота. Не смеевме да испратиме порака на тој начин. Овде ја претставуваме земјата“, истакна селекторот Фолкер Финке.
Недисциплината на Камерунците се виде уште во првиот дел кога Алекс Сонг заработи црвен картон заради удирање со лакт на Манџукиќ.
19.06.2014 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа