Почнува судскиот процес Груевски - Заев
Македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев денеска треба да се сретнат во судница – стартува судскиот спор во кој Груевски од Заев бара отштета од половина милион евра за претрпена душевна болка, предизвикана од обвинувањето дека при продажбата на „Македонска банка“ посредувал и побарал 1,5 милиони евра.
Тужбата следуваше по прес-конференцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која тој го обвини Груевски дека при продажбата на „Македонска банка“ земал 1,5 милиони евра во кеш од српскиот тајкун Јовица Стефановиќ – Нини. Доказите со кои располагаше опозицијата беа доставени до Јавното обвинителство, кое се уште работи на расветлување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа