Висока температура ја одложи пресудата за Монструм
На 30 јуни судот ќе ја соопшти пресудата за Монструм. Грипот и високата температура го спречија главниот судија во овој предмет да дојде во суд и да ја прочита одлуката. Родителите на момчињата се револтирани од одолговлекувањето на постапката.
– Ние сме разочарани бидејќи никој не не ни извести претходно дека ќе биде одложено...
Веруваат во мотивите на обвинителство дка се работи за тероризам , но се сомневаат оти децата им биле жртви на наводна битка која се водела за земјиште околу Смилковско езеро.
Во очекување на одлуката , роднините на обвинетите денеска со транспаренти за ослободување, мирно протсетираа пред судот.
Најголем дел од нив беа малолетници, внуци и братучеди на обвинетите. Братот на Фејзи Азир, вели неправедно е што оваа група ја поврзуваат со радикален ислам, само затоа што се исламски верници.
Од Косово молк за екстрадицијата на првообвинетите Демири и Исмаиловиќ. Косовскиот адвокат не крева слушалка, а институциите немаат информации. Двајцата се во затвор за нелегално псоедување оружје. Никој не знае дали и кога ќе се соочат со македонската правда.
- Тоа треба да го прашате тамошниот адвокат, јас мислам дека е во фаза на одлучување постапката.
Петмина обвинети 26 месеци се во притвор. Обвинителство бара најстрого да се казнат за тероризам, а тие пак тврдат дека не ја извршиле ликвидацијата на петмината македонци на Велики Четврток пред две години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа