ВИДЕО: Погледнете какво невреме попладнево ја погоди Битола
Попладнево нешто после 15:30 минути, небото над Битола се затвори. Силен дожд проследен со ветер и грмотевици го тресеа градот. Градот за кусо време се претвори во сивило. А, такви беа и најавите на метеоролозите за овие денови, јавува битолската телевизија Тера.
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со поројни врнежи од дожд и грмежи, на места во форма на невреме со појава на град и засилен ветер, особено во попладневните часови. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степен.
Во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.
Во петок и сабота врнежите ќе бидат локализирани, во западните делови од земјава, а целосна стабилизација на времето со пораст на температурата се очекува од недела.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа