Вест: Паднал договор - до септември СДСМ ќе глуми бојкот

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се договориле, пишува Вест. Според весникот, двете партии со посредство на Брисел се договориле до септември опозицијата да глуми бојкот а двете партии преговори за да пред одржувањето на самитот на Нато во Кардиф, СДСМ да се врати во собраниските клупи. 
Според весникот, барањата на опозицијата делумно се прифатени, што подразбира имплементација на препораките на ОБСЕ во насока на реформи на изборното законодавство. Во врска со пописот, Вест повикувајќи се на неименувани извори пишува дека нема да се случи а дека „се барале модалитети за барањето за техничка влада“.

Од Бихаќка ги демантирале овие инфомрации. Велат дека се уште не разговарале со никого. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го покани претседателот на СДСМ, Зоран Заев во петок да одржат средба и да го започнат дијалогот.

18.06.2014 - 21:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега