Одредете ја сами вашата биолошка старост- која е вистинската старост на вашето тело
Биолошка старост – тоа е правата старост на човечкото тело. Ни покажува колку навистина сме стари. Нејзиниот часовник отчукува во нашите ќелии, но не ги дефинира нашите податоци преку личните документи. Понекогаш, биолошката старост на ја дава правата здравствена слика на лицата. Ќе се сложите со мене дека и човек од 30 години може да изгледа како „крнтија“ а, во 50 да биде со добро здравје и да има одличен капацитет за работа.
Најдобар точен показател е биолошката старост.
Научниците докажале дека хронолошката старост наведена во нашите лични документи не одговара со бројот на годините колку што навистина имате, односно , биолошката старост. Психолошки можете да бидете многу постари , или обратно- помлади. Сето тоа зависи од тоа како се чувствувате каков начин на живот водите. И нормално, се поставува логично прашање- како да се пронајде точната формула за утврдување на нашата биолошка старост.
Во медицинските услови се препорачуваат следниве тестови со вршење на следниве задачи:
1. Измерете го вашиот пулс ( отчукувања на срцето ). Потоа направете 30 клекнувања со брзо темпо. Имерете го пулсот повторно, па обрнете внимание на разликата. Запишете ја. Ако вашиот пулс се зголемил за:
0-10 единици – имате 20 години
10 – 20 единици – имате 30 години
20 – 30 единици – имате 40 години
30 – 40 единици – имате 50 години
2. Тест за откривање биолошка старост број. 2
Цврсто стиснете го палецот и показалецот од внатрешна страна на раката, кај зглобот каде што мериме пулс ( над дланката ), со други зборови потребно е да се штипнете сами себе 5 секунди. За точни резултати можете да користите и стоперица. Понатаму, отпуштете ги прстите и утвредете за колку секунди вашата боја на кожа се вратила во првобитната состојба :
За 5 секунди – имате скоро 30 години
За 8 – околу 40 години
За 10 – имате околу 50 години
За 15 – имате близу 60 години
3. Следен тест за утврдување биолошка старост со малку гимнастика.
Застанете исправено, свиткајте ги колената и навалете се нанапред. Пробајте со дланките да го допрете подот. Во принцип, ова и не е тешко. Ги проценуваме резултатите :
Допирате до подот со дланките- имате 40 години
Допирате до потколениците – имате 50 години
Допирате само до колената – имате 60 години
4. Сега најтешката задача.
Замижете, застанете на лева па на десна нога. Можете да балансирате и со рацете но не е дозволено да се држите за било што. Пробајте да останете во таа положба. Некој од вашето семејство нека изброи колку секунди ќе останете во таа положба :
30 и повеќе – вашата биолошка старост – 20 години
20 секунди – 40 години
Помалку од 10 секунди – 60 и повеќе години
Ако не сте задоволни со резултатите – почнете конечно да се грижите за вашето здравје. Почнете барем со утринска гимнастика . По некое време направете го тестот повторно. И тогаш можеби вашата физичка старост ќе и го одстапи местото на биолошката.
Извор: Попара
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа