Ограбена црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар
Ограбена е црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во стариот дел на Дебар.
Според информациите добиени од намесникот на Дебарската парохија Благоја Спироски, непознати сторители одзеле 4.000 денари. Насилно влегле, со употреба на хебла, поради што е предизвикана и поголема материјална штета.
- Кражбата денеска попладне ја забележал Никола Андоновски, член на Црковсниот одбор, кога дошол да го запали кандило. Украдени се пари и направена е поголема материјална штета, најмногу на вратите, главната влезна, на тремот и втората преку која се влегува во црквата, изјави Спироски.
Засега не е познато дали е украдено уште нешто од црквата.
„Успение на Пресвета Богородица“ во септември и октовмри 2012 година беше двапати ограбена. Одземени беа повеќе од триесет вредни икони, платнена плаштеница стара 200-300 години и околу 15.000 денари.
Црквата е од 11. век и некогаш била седиште на митрополија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа