Младо момче од Кавадарци се фрлило од поткровје и починало
Младо момче денес се фрлило од поткровје во Кавадарци и починало.
Портпаролката на СВР- Велес Анита Стојковска го потврди ваквиот настан но вели дека не може да даде повеќе детали бидејќи полициска екипа била на увид на лице место, пишува Дневник.
Од службата за итна медицинска помош при здравствениот дом во Кавадарци пак, за Дневник кажале дека момчето родено 1979 година се фрлило од поткровјето на сопствениот дом близу центарот на градот.
Кога тие отишле на самото место, момчето не покажувало знаци на живот, додава Дневник. Се обиделе да го реанимираат на самото место и во кавадаречката општа болница, но без успех, момчето починало.
Телото е предадено на обдукција за да се видат вистинските причини за смртта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа