Водата во Велес бактериолошки и хемиски неисправна
Во дел од селските водоводи, чешми и бунари во Велешко водата е бактериолошки и хемиски неисправна, покажаа анализите на ЈЗУ Центар за јавно здравје.
Лекарите предупредуваат, пред пиење водата да се преврива. Во спротивно, може да предизвика уринарни и цревни инфекции.
Најисправна, 100 проценти, е водата во градскиот водовод.
Според д-р Снежана Петрова, специјалист по хигиена во Центарот за јавно здравје, 25 проценти од испитаните селски водоводи, чешми и бунари во велешко се бактериолошки неисправни, а 10,3 отсто се хемиски неисправни. Кај некои е утврдено и присуство на нитрити, како и заматување на водата.
Освен во селските и во некои градски природни чешми во Велес лекари при анализите на примероци изолирале ешерихија коли и колиформни бактерии. Петрова апелира до раководствата на месните заедници во велешките села кои раководат со селските чешми, бунари и водоводи редовно да ја хлорираат водата за да биде исправна за пиење.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа