Неколку причини зошто малите гради се супер
Не ви се допаѓа вашиот изглед поради малите гради? Време е да го промените мислењето бидејќи "скромното деколте" има многу предности, а ние ви нудиме осум.
Повеќе уживате во кревет - На Универзитетот во Виена едно истражување открило дека големите гради се дури 24% помалку чувствителни на допир од малите. Причината е многу едноставна - помалите гради имаат помалку масно ткиво, па полесно е да ги стимулирате.
Со нив ќе изгледате млади подолго - Кога ќе влезат во подоцнежните години, на жените со големи гради најчесто им се опуштаат и не изгледа многу привлечно. Малите гради, за разлика од големите подолго време ќе останат цврсти и подигнати, па ќе придонесат да делувате помладо отколку што сте.
Не мора да носите градник - Проблемот на губење на цврстината на градите кај жените со мали гради речиси и не постои. Едно француско истражување открило дека носењето на градник го забрзува опуштањето на градите бидејќи го оневозможува растот на мускулото ткиво. Жените со "скромно деколте" слободно можат да се појават во јавност и без градник.
Можете да носите се' - Контролата врз големите гради во деколтиран фустан или тесна маичка е речиси "невозможна мисија". Иако можеби делуваат провокативно, на сопственичките сигурно не им е пријатно што цело време се на чекор пред да се избламираат.
Привлекувате моќни мажи - Списанието Psychology Today објавило студија во која се тврди дека малите гради привлекуваат финансиски независни мажи. Ова се објаснува со фактот дека поголемите гради претставуваат залихи на сало, што подразбира чест пристап кон храна. Но на моќните мажи ваквите "резерви на калории" не им се потребни и нема ни да имаат желба да се "дружат" со жени кои ги нудат.
Привлекувате зрели мажи - Резултатите од едно истражување покажале дека мажите со афинитет кон големи гради најчесто имаат проблеми со зрелоста, а при тоа и сексистички поглед кон светот.
Подобро држење - Кај малите гради, тежината е поинаку распоредена по телото, па нивните сопственички не мора да се грижат за хроничите болки во грбот подоцна во животот. Исто така, држењето им е многу постабилно, со оглед на тоа дека градите не им го накривуваат 'рбетниот столб тежејќи им нанапред.
Можете да си одберете градник каков сакате - Кај малите гради, недостатоците се незабележителни, додека кај големите гради се гледа секој детал. Без оглед на тоа дали носите брендирана интимна облека или евтин градник, со помали гради порелаксирано можете да се прошетате каде и да тргнете.
Извор: Точка
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа