ФОТО: Кафеави мечки уживаат во орален секс

 

Две кафеави мечки од зоолошка градина биле забележани како уживаат во орален секс, давајќи си една на друга. Истражувачите се прашуваат дали тоа можеби е последица бидејќи и двајцата млади мажјаци биле лишени од своите мајки уште како цицалчиња.

 

Ваквото однесување, сексуалната стимулација која не е парење за потомство, е реткост кај останатите форми на живот, исклучувајќи ги луѓето. Листата на животни кои мастурбираат ги вклучува бодликавото прасе, моржовите, верверичките, делфините и пингвините Adelie. Последните две исто така е познато дека се задоволуваат сексуално со мртви животни. Што се однесува до орален секс, женските лилјаци знаат да го практикуваат тоа, и Bonobo мајмуните. 

Сега, тим предводен од Agnieszka Sergiel од Полската Академија на науки во Краков пријавил фелацио помеѓу млади кафеави мечки - ова се случило за прв пат помеѓу кафеави мечки кои биле одгледани во соодветни услови. Двете мечки (кои немаат никаква крвна поврзаност) биле родени во 2003-та година и оставени во резерват во Хрватскам, откако биле пронајдени отфрлени од мајките и оставени сирачиња.

Истражувачите ги набљудувале двете мечки кои си "давале" орален секс неколку пати на ден се додека не наполниле 10 години. Членовите од тимот за шест години поминале 116 часа во опсервација на овие млади мечки и биле сведоци на 28 пати кога мечките уживале во орален секс, кој траел до 4 минути.

Едната секогаш била онаа која давала орален секс, а другата секогаш го примала. Поголемата мечка никогаш не сакала да си ги сменат улогите. Помалата пак (давателот) би иницирала контакт приближувајќи се до поголемата додека таа одмара легната странично со дел од половиот орган изложен. Понекогаш мечката која "дава" орален секс би ја бутнала главата помеѓу нозете на другата мечка со цел да ги рашири пред да започне со актот.

Потоа започнувала "да го цица пенисот" што резултирало со ејакулација. Ејакулацијата била потврдена со забележаните мускулни контракции на мечката која го прима оралниот секс, и течностите на муцката на мечката која го дава, пренесува LiveScience. 

По ова поголемата мечка најчесто ја буткала помала или се дистанцирала. Како што поминувало времето ритуалот бил се почесто практикуван се додека не донеле и женка кафеава мечка во истиот кафез во 2010-та година.

Истражувачите укажуваат дека ваквото однесување можеби е последица на тоа што двете мечки мажјаци биле напуштени од своите мајки како многу мали, додека се' уште биле цицалчиња, па поради ова помалата мечка "го цицала" половиот орган на поголемата. Самото тоа што биле лишени од мајка и оставени сирачиња, не ги оставило само без млеко туку и без љубовта, топлината и удобонста на мајката. Тоа е причината зошто некои сирачиња младенчиња ги цицаат своите шепи или ушите на своите браќа и сестри, како замена за брадавиците на својата мајка. Сексуалниот чин опстојувал повеќе години најверојатно бидејќи претставувал големо задоволство кај двете страни.

Извор: Точка

18.06.2014 - 17:15
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега